Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ на средби со граѓани во скопските општини

Носителите на кандидатските листи на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ денеска беа на средби со граѓани во скопските општини.

Лидерот на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ Љубчо Георгиевски денеска ги повика граѓаните на Ѓорче Петров, на Скопје и на цела Македонија да гласаат за кандидатите на ова Коалиција, бидејќи „ВМРО за Македонија“ е политичка сила која гарантира слободата, демократија и евроатлантската перспектива на Македонецот.

 

– Сме ги виделе и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кога имаат 62 пратеника се узурпира демократијата во Македонија, Македонија се претвора едноставно во држава монопол и сопственост на една политичка партија, рече тој.

cdcsew

Затоа „ВМРО за Македонија“, како што истакна Георгиевски, треба да се гледа  како спас за демократијата во Македонија, бидејќи, како што додаде анектите покажуваат дека се трета политичка сила во државата.

Носителот на кандидатската листа во втората изборна единица на коалицијата „ВМРО за Македонија“ Љупчо Балкоски во Ѓорче Петров рече дека тие ќе бидат сила која ќе направи баланс во македонското собрание.

– Ние рековме овие избори не се локални, не требаат партиите да се занимаваат со локални работи затоа што поголема задача претстои на републичкото собрание и на партиите што ќе ја состават новата влада, а ние ќе бидеме дел од таа влада, рече Балкоски.

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ од Дебар Маало испрати порака дека ќе стават крај на урбаната мафија и ќе водат грижа за потребите на обичниот граѓанин во Македонија.

Според него, има парадоксална ситуација –  преку притисоци, казни и закани се уништуваат малите фирми а, како што вели, се гледа низ прсти на огромниот криминал.

Дончев со порака за сметководителите, ревизорите и финансиските консултатни, како поранешен член на фелата. – Ве има над 12.000 низ цела Македонија и имате значајна функција во микро економијата, водејќи ги и помагајќи ги малите и средни фирми. Како поранешен ревизор и консултант, кој знае колку се значајни вистински слободни и независни асоцијации на сметководители и консултати ќе ги искористам сите расоложливи средства конечно да имате право на самоорганизирање, рече Дончев.

Пред граѓаните на општина Ѓорче Петров зборуваше и носителот на кандидатската листата во третата изборна единица на коалицијата ВМРО за Македонија,  Стојанче Ангелов.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us