Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Кина ќе одржи големи воени маневри во западниот дел на Пацификот

Единствениот кинески носач на авиони „Лијаонинг“ се упати кон Тихиот Океан, каде се планирани големи маневри на Воената морнарица на Кина.

Како што јавија кинеските државни медиуми, „Лијаонинг“ во придржуба на неколку бродови-миноловци и фрегати ислповил вчера кон западниот дел на Тихиот Океан, каде во следните денови ќе бидат спроведени воените вежби.

Кина ќе одржи големи воени маневри во западниот дел на Пацификот

„Лијаонинг“ е носач на авиони од руско производство, кој е во состав на кинеската Воена морнарица од септември 2012 година. Ова е прво испловување на носачот надвор од кинеските територијални води.

Одржувањето на маневрите на кинеската Воена морнарица доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Пекинг и Тајпеј, по изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп околку ставот на Вашингтон кон политиката на „една Кина“ и неговиот телефонски разговор со тајванската претседателка Цај Инг-вен.

Ова се втори маневри на Вооружените сили на Кина последнава недела, откако пред неколку дена завршија вежбите на кинеското Воено воздихопловтсво во Жолтото Море меѓу брегот на Кина и Корејскиот Полуостров.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us