Кери: Египет и Израел сакаа да го бомбардираме Иран

KERI

Поранешниот американски државен секретар Џон Кери изјави дека Израел и Египет вршеле притисок врз САД да го „бомбардираат Иран“, пред нуклеарниот договор од 2015 година.

Во рамки на состанок во Вашингтон, Кери го бранеше договорот на големите сили со Техеран и рече дека повеќе кралеви и претседатели им сугерирале на САД дека бомбардирањето е единствениот јазик што можел да го разбере Иран.

Кери оценил дека тоа било „стапица“ бидејќи истите тие земји јавно ги критикувале САД затоа што го бомбардираат Иран.

Кери не знае дали Иран ќе ги обнови настојувањата да се вооружа со нуклеарно оружје за 10 до 15 години по завршувањето на ограничувањата на договорот, но рече дека тоа е најдобриот договор што САД можеле да го постигнат.

You may also like...

Sorry - Comments are closed