Касами: Потребно е деблокирање на институциите

BILAL

Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами пристигна во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз, каде што ќе се сретне со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

По едночасовен разговор, заврши средбата меѓу лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Касами изјави дека на средбата се говорело за деблокирање на институциите и повторно враќање на Република Македонија на патот кон НАТО и ЕУ интеграциите.

На средбата најверојатно ќе се разговара околу следните чекори за составување Влада, откако Иванов повторно одби да го даде мандатот.

Исто така најверојатно ќе се разговара за свикување на седница на Собранието на која треба да се избере нов претседател на Законодавниот дом.

Доколку сегашниот претседател Вељаноски одбие да свика седница, тоа може да го стори најстариот пратеник, односно Бранко Манојловски од ДУИ.

Во јавноста како најсериозен кандидат за претседател на собранието, засега се спомнува Талат Џафери.

Синоќа во седиштето на СДСМ, Заев имаше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која се разговараше за излезот од кризата во која се наоѓа земјата.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha