Касами: Нов генерален урбанистички план за Тетово

БИЛАЛ КАСАМИ

Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами кој е кандидат за градоначалник на Тетово на средба со жителите на градот во средата навечер истакна дека ќе работи на подобра урбанизација. Ако ја добие функција вети дека брзо ќе се почне да се работи на Генерален урбанистички план.

-Приоритет при изработката на овој Генерален урбанистички план (ГУП) ќе биде да се решат недостатоците на стариот ГУП, кој се уште е актуелен. Ние ќе се залагаме за проширување на урбаната зона и на двете страни од градот.

Односно делот кај Универзитетот на Југоисточна Европа и делот во населбата Дреновец кај тетовската касарна. Ако во овие два дела од градот ја прошириме урбаната зона ќе се ублажи урбанистичкиот хаос во останатиот дел од градот, кој е урбанизиран и се гради на секое ќоше- изјави Касами.

Според Касами новото општинско раководство ќе се залага што повеќе бизнисмени да инвестираат.

You may also like...

Sorry - Comments are closed