Исламската држава пукна: Ал Багдади го призна поразот и ги повика џихадистите да се сокријат!

БАГДАДИ

Генералот на терористичката организација на Исламската Држава (ИД) – Абу Бакр Ал Багдади во својот говор го признава поразот на ИД во неодамнешните борби и ги повикува поддржувачите да се скријат во планинските подрачја, пренесува телевизијата Алсумариа, повикувајќи се на извор од провинцијата Ниневија.

Багдади својот говор го нарекол “проштален говор” кој го одржал пред проповедниците на Исламската Држава и објаснил што се случува со групата.

Проповедниците започнале за зборуваат за поразите кои ги претрпува групата во провинцијата Нинива и во другите делови на Ирак, изјавила телевизијата.

“Говорот содржел позив до терористите да се упатат во тешко достапните планински подрачја на Ирак и Сирија”, додава изворот.

Претходно беше соопштено дека лидерите на Исламската Држава кои се наоѓаат во западните делови на иранскиот Мосул се спасуваат со бегство од градот.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha