Ирена Ристиќ реагира на тужбата за дискриминација на ромите

ИРЕНА

„И наопаку да ме превртат, на пола да ме исечат и со најсофистицирани методи да тргнат да бараат, во мене нема да најдат омраза кон никого. Ќе најдат само оправдан бес, револт и очај.

И во овој случај, како и неброено пати претходно, реагирам на девијантна појава. Реков – Аурора е симбол. Еднаш одземена од мачителите (неблагодарни корисници на нејзината коњска снага), (условно спасена) па повторно украдена од истите, на крај фрлена покрај патот, оставена да умира во пеколни маки.

Дали мислите дека понаку ќе реагирав да беа Срби, Ескими или Индијци?! Не! Знаете ли дека против злосторниците нема и невозможно е (барем сега засега) да се покрене постапка? Ќе остане енигма зошто некој се обидува преку мене да поентира и да си го оправда сопственото постоење…

Се’ уште на дланкиве го чувствувам пулсирањето на повредената нога на Аурора и колку и да ме боли сеќавањето, и колку и да ме прогонува нејзиниот поглед додека лежи во сопствениот измет, токму тоа ми дава и сила и мотив да продолжам да се борам.

Ја користам приликава да се заблагодарам на сите за разбирањето и поддршката.“ Ова е реакцијата на актерката Ирена Ристиќ, по добиената тужба од неколку европски невладини организации, кои ја тужат за дискриминација на Ромите.

Ристиќ е осомничена за предизвикување омраза на национална, верска и друга дискриминирачка основа и Јавното обвинителство ја повикало на распит на 13 октомври како осомничена.

Во дописот од јавното обвинителство стои дека Ристиќ се повикува во својство на осомничена.

Пред неколку месеци, актерката на својата фејсбук страна објави статус откако се прошири веста дека едно животно е повредено и дека му е неопходна помош.

You may also like...

Sorry - Comments are closed