Излезе првиот број на „Ученички глас“, единствен весник во Шуто Оризари

НАДЕЖ

Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ денеска го промовираше првиот број на весникот „Ученички глас“, кој е единствен весник кој во моментов излегува во општина Шуто Оризари. „Ученички глас“ ќе излегува еднаш месечно, а го изработуваат ученици од основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ со помош на едукаторите од „Надеж“.

Весникот обработува теми од областа на образованието, технологијата, забавата и спортот, а во секој број има и по едно интервју. Неговата цел е да ја подигне свеста за важноста од образованието, а е поддржан од Американската амбасада во Македонија.

На следниот линк може да ја погледнете онлајн верзијата на „Ученички глас“: https://app.box.com/s/fe3ziw1voc3k1zd8dwz0eofy4og0sxpd.

Сите кои сакаат да добијат бесплатен примерок од весникот, може да дојдат во просториите на Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ секој ден од 10 до 16 часот.

You may also like...

Sorry - Comments are closed