Иван Џолев нов претседател на Кривичниот суд

DZOLEV

Судијата Иван Џолев е новиот претседател на Кривичниот суд во Скопје. Избран е откако Судскиот совет на денешната седница откако претходно ја усвои конечната ранг листа за оваа функција.

Џолев доаѓа на местото на поранешниот в.д. претседател Стојанче Рибарев, кој најпрво замина на боледување, а потоа си поднесе оставка, од како што рече, лични причини.

Освен Џолев, за кандидати за претседател на Кривичен се пријавија и поранешниот претседател на овој суд, Владимир Панчевски, потоа судиите Ивица Стефановски, Ѓоко Ристов, Осман Шабани, Оља Ристова и судијката Весна Димишкова.

Џолев е судијата кој неодамна изјави дека поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски вршел притисок по изречена судска пресуда. Џолев на Панчевски му поднесе кривична пријава, а за ова негово обвинување расправаше и Советот за утврдување на факти и пред Судскиот совет.

You may also like...

Sorry - Comments are closed