Иванов заминува на Форум во Азербејџан

IVANOV

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов заминува за Азербејџан, каде в четврток и петок ќе учествува на Глобалниот форум „Иднина на меѓународните односи: моќ и интереси“ во Баку, заедно со претседателите на Албанија, Црна Гора и Летонија, Бујар Нишани, Рајмондс Вејонис и Филип Вујановиќ, чиј организатор е Меѓународниот центар Низами Ганџави.

Домаќин на Глобалниот форум е азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој минатиот месец ја назначи сопругата Мехрибан Алиева за потпретседател.

Патувањето на Иванов во Азербејџан е во услови на политичка и институционална криза, откако тој одби да го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој му предаде 67 пратенички потписи како доказ за парламентарно мнозинство. Иванов на 1 март соопшти дека нема намера мандатот да го даде на човек или партија кој во својата програма има платформа за рушење на државотворноста и унитарноста на државата. По повиците на повеќе домашни и меѓународни претставници да ја промени одлуката и со тоа да се реши институционалната криза во земјата, од Кабинетот на Претседателот вчера повторија дека не се отстранети сите пречи за доделување на мандатот.

Неговото отстуство од земјата е во услови кога нема ниту претседател на Собранието и има техничка Влада именувана за спроведување на предвремените парламентарни избори.

Повеќе медиуми објавија дека од Азербејџан, каде Иванов е со сопругата, тој ќе отпатува за Австралија, каде од 24 март до 4 април ќе има средби со дијаспората. Но, оваа информација засега не ја потврдуваат од неговиот Кабинет.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha