Ибраимоски: Ниедна заедница не е оштетена со законот за употреба на јазиците

SAMKA

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Самка
Ибраимоски смета дека со Предлог-законот за употреба на јазиците не е оштетена ниту една етничка заедница.

„Сметам дека се е во ред со него. Ниедна заедница не е оштетена во тој дел и што е многу битно сметам дека нема промени ниту на Уставот на Република Македонија“, рече Ибраимоски.

Тој смета дека предложеното законско решение произлегува од Рамковниот договор, кое, според него, никој немал храброст да го спроведе.

„Оваа реформска Влада тоа го прави затоа што ова е држава на сите граѓани на Република Македонија“, рече Ибраимоски одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за објавениот конкурс за стипендии за ученици Роми.

You may also like...

Sorry - Comments are closed