Ибраимовски: Иницијативи за ден на ромскиот јазик и за студии на ромски јазик

SAMKA

Ромскиот јазик да се изучува и на факултетите, а да се воведат лекции за изучување на ромската историја, јазик и култура во учебниците во основно и средно образование – порачаа Ромите на одбележувањето на денот на ромскиот јазик, прогласен од УНЕСКО.

Велат во образованието е клучот на решавање на проблемите на овој етникум и неговиот придонес кон зачувување на традицијата и вредностите на ромската заедница.

„Ромскиот јазик треба дса се изучува во високообразовните институции, бидејќи е од значење за сите најмногу за Ромите Ни недостасува стручен кадар кој би работел со деца“ – вели Тонско: Сибел Бајрам – студентка.

„На Ромите најмногу се посветува внимание на 8 април и убаво е да се има уште еден ден за празнување.“ – велиу Мухамед Ајваз – студент.

Министерот за имплементација на Националната стратегија на Ромите во Македонија Самка Ибраимовски најави иницијатива во Собранието за прогласување на 7 Ноември како ден на ромскиот јазик во Македонија, со што, како што рече, институциите ќе дадат свој придонес за подобро интегрирање на Ромите.

„Поднесов иницијатива до Собранието за прогласување на овој ден на национален ден на ромскиот јазик. На тој начин ќе се овозможи подобра интерграција на Ромите во општеството.“ – вели Самка Ибраимоски – Министер за имплементација на Националната стратегија на Ромите во Македонија.

Неодамна на социјалните мрежи се појави петиција преку која се бара воведување на лекции во учебниците во основно и средно образование за изучување на ромската историја, јазик и култура. Професорот Демир Љатиф кој предава на филозофскиот факултет во Загреб вели дека преку образовна инклузија ќе се добијат поголеми резултати.

„Што е превземено да се створи кадар? Ромите со оваа иницијатива ќе добијат институционално покривање во образовниот систем.“ – вели Демир Љатиф – професор на Филозофски факултет во Загреб.

За време на првиот Ромски конгрес во 1971 година, Ромскиот јазик беше официјално признаен како јазик на Ромите во Европа а тој стои и во Европската повелба за регионални и малцински јазици на Советот на Европа.

You may also like...

Sorry - Comments are closed