Земјите кои најмногу пати тестирале нуклеарно оружје

BOMBA

Светот вчера беше вџашен и загрижен од објавата на Северна Кореја дека успешно тестирала хидрогенска бомба, која е посилна од атомската.

Беше свикана итна средба на Советот за безбедност на ОН, за да се одговори со нови мерки и санкции за Северна Кореја.

Количеството на нуклеарно оружје во светот низ годините се намали, благодарение на намалувањето на арсеналите на САД и Русија, според информациите на Стокхолм интернешнал пис рисрч институт, кој ги има и податоците за бројот на тестирања, па објави и ранг листа на земјите кои меѓу 1945 и 2013 тестирале нуклеарно оружје.

Првото место убедливо го држат САД, кои досега тестирале вкупно 1.032 парчиња нуклеарно оружје, а следи Русија со 715 тестирања. На третото место е Франција, која од 1945 нуклеарно оружје тестирала 210 пати. Северна Кореја, која вчера предизвика осуда од целиот свет и која не планира да го сопре развојот на нуклеарното вооружување, досега го тестирала четири пати.

Експертите се сомничави дека Пјонгјанг тестирал хидрогенска бомба, но доколку е така, станува збор за тешко нарушување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и провокација кон целиот свет.

Соединетите Американски Држави остануваат единствената држава која фрлила атомска бомба врз друга земја.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha