Здружението Ensar od Skopje vo sorabotka so „Дениз Фенери“ od Turcija организираше ифтар за Jetimite (сираците) во Скопје

JETIMI IFTAR

Здружението Дениз Фенери, ЕГИТИМ-БИР-СЕН и Здружението Енсар по повод Светскиот ден на сираците организираа ифтар за jetimite во различни градови во Македонија, а доделија и пакети со прехранбени производи за сираците

на ифтарот во Скопје учествуваа голем број сираци и нивните семејства.

На овој ифтар, покрај сираците и нивните семејства, учествуваа и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, претседателот на здружението Енсар Сулејман Баки, претставник на ЕГИТИМ-БИР-СЕН, Ерол Ермиш, турските здруженија и институции во земјата, и голем број поканети гости.

Ерол Ермиш, кој зборуваше во име на Дениз Фенери, истакна дека организираат ифтари не само во Македонија, туку и во пвеќе земји во светот.

Ермиш пренесе дека организираат ифтари во Скопје, Куманово и Штип. „Се надеваме дека нашата врска со Македонија нема да биде ограничена само со овој Рамазан, ќе продолжиме и со курбани. Ќе продолжиме да бидеме заедно и во понатамошен процес. Ние сме посилни со вашите молитви“ , рече Ермиш.

Исто така, Ермиш ги заблагодари здружението Енсар со кого заеднички го организирае овој настан.

Од zdruzenieto Ensar Сулејман Баки информираше дека Организација на исламска соработка во 2013 година 15. ден на Рамазан го прогласи за Светскиот ден за сираците во Исламскиот свет.

Баки нагласи дека по овој повод од 2015 година организираат ифтари.

Меѓу другото, Баки ги забlaгодари хуманитените организации Ел Хилал, и „Kalliri i Mirësisë” (Класје на добрината) за нивната кооперација во евиденција на сираците како и нивната организација.

Градоначалникот Меџити упати благодарност до сите кои придонеле за организирање на овој ифтар, и истакна дека посакува и во иднина да бидат заедно корисни проекти.

После ифтарот беа доделени пакети со прехранбени производи за 150 сираци.

You may also like...

Sorry - Comments are closed