Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

За СДСМ сѐ уште е неизвесно кој е победник на изборите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска оцени дека првичните неофицијални резултати за парламентарните избори на Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат неизвесност околу бројот на добиени пратенички мандати.

„Мал број гласови се одлучувачки за бројот на мандати во неколку изборни единици. Волјата на граѓаните за живот, за правда, за слобода е реализирана во услови на многубројни нерегуларности и притисоци во предизборниот и во изборниот период. Ваквите проблеми, кои имаат влијаните врз конечниот исход од изборите, се констатирани и од набљудувачите на изборниот процес“, се вели во соопштението.

Првичните резултати, смета СДСМ, потврдиле дека власта е поразена и дека граѓаните сакаат живот во Македонија и избрале промени.

– До прогласувањето на конечните резултати од ДИК едно е кристално јасно. Времето на политичари како Никола Груевски заврши. Граѓаните си ја враќаат државата во свои раце. Во Македонија промените се случуваат – се наведува во соопштението од СДСМ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us