Заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија: Заев- Борисов: Ја продлабочуваме соработката

ZAEDNICKA

Заедничка седница на Владите на Македонија и Бугарија. Средбата меѓу премиерите почна во манастирот Водоча. Борисов и Заев се поклонија пред споменикот на трагично загинатиот претседател Трајковски…

По првата заедничка седница меѓу Владите на Македонија и Бугарија, во Струмица се потпишани договори за економска и трговска соработка. Потпишани се договори во областите на одбраната, надворешната политика, енергетиката, туризмот, телекомуникациите, инфраструктура и за реакции при природни катастрофи.

Во Домот на армијата во Струмица, се одржа прес-конференцијата на премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев.

„Застанавме едни до други со потпишаниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, а со денешната владина седница, активиравме уште еден од моторите кој треба да го повлечат целиот регион напред. Оваа свест што ја имаме како Влади, за нашата историска одговорност, да одговориме на моментот што отвара перспективи, е значајна за нашите билатерални односи, е значајна за евроинтеграциите на Македонија, е значајна за евроинтеграциите на регионот“, нагласи премиерот Заев.

„Сега е моментот да се искористи бугарското претседателство, потоа и австриското, и романското и хрватското, за две години темата Западен Балкан не само да добие внимание од сите наши колеги во Европа, но и реално да се придвижи нанапред. Убеден сум дека за не повеќе од два три месеца, ќе успееме да го намалиме роамингот, и луѓето на двете страни да можат мирно да зборуваат“, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Претходно тие оддадоа почит пред споменикот на поранешниот македонски претседател, Борис Трајковски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed