Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ЗАЕВ: Ќе надоместиме сè што Куманово заслужило, а не го добило

Коалицијата предводена од СДСМ вечерва на градскиот плоштад во Куманово одржа митинг на кој ја презентираше програмата „План за живот во Македонија“. Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги поздрави кумановци и истакна дека за пет дена победуваат. Куманово, рече, една деценија е заборавено од централната власт и вети надомест на се што е изгубено, што Куманово заслужило, а не го добило.

– Куманово секогаш беше симбол на соживотот. Се гордеам со вас за сполотеноста, за соживотот. Сакам да изразам почит за тоа што Куманово го направи за Македонија на 9 и 10 мај 2015 година. Ова единство и сплотеност, додаде, е нашата енергија, иднина и успех – рече Заев.

Куманово, потенцира, сега е познато и по Диво Насеље и вети дека вистината за овој настан ќе се обелодени преку меѓународна истрага.

– Граѓаните се сплотени како едно. И соседите и Европа се прашуваат дали е можно Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, сите заедно во мултиетничка Македонија да застанат заедно. Токму тоа се случува во Куманово – посочи Заев.

Тој ги обвини опонентите дека го делат народот и оти не знаат да сработат како што треба.

– Испишуваме заедно историја. Вака сплотени ќе му докажеме на целиот свет дека силата и успехот се во единството,  во сплотеноста, во здруженоста, во еднаквоста, во рамноправноста.Ниту еден Албанец не побарал федерализација, туку го бара она што го бара секој граѓанин на Македонија – пари за семејствата, работни места, чесна плата, добро образование, здравство, заеднички живот во Македонија. Да се бориме за повеќе бизнис, за повеќе пари кај секој, за среќа – рече лидерот на СДСМ.

Ги повика граѓаните да се изборат, за како што нагласи, слобода, демократија, правда, за живот во Македонија.

– Ние сме различни од нив и ќе бидеме различни. Барам поддршка да му покажеме на светот дека оваа земја може да оди рамо до рамо со целиот развиен западен свет, затоа што можеме да работиме достоинствено и достоинствено да сработиме – рече Заев и вети просечна плата од 30.000 денари, поврат на данок на додадена вреност од 15 отсто, работнички права за работниците со силни синдикати, достоинствени пензионери, поддршка на лицата со попреченост, самохраните мајки, за социјално загрозените, враќање на парите назад кај граѓаните.

Во победничко Куманово, нагласи, ќе победиме со огромна разлика, а на ниво на Македонија со разлика од 5 до 10 пратеници, по што ќе се формира стабилна влада, еднаква за сите граѓани.

Пред кумановци се обрати и носителот на листата од Втората изборна единица Оливер Спасовски кој рече дека во првите 100 дена новата влада ќе го реши проблемот со стечајните работници, ќе се зголеми социјалната помош на 12.000 денари, здравство ќе стане достапно за сите, ќе има нови работни места и правда за сите.

На митингот зборуваа и кандидатите за пратеници Фросина Ташевска-Ременски, Мухамед Зекири и Максим Димитриевски кои побараа поддршка од граѓаните и ги повикаа да гласаат на 11 декември и да го заокружат бројот четири.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us