Заев ја претстави програмата на новата Влада

ZAEV

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето до граѓаните ја претстави програмата на идната Влада на Македонија.

Тој најави дека ќе биде премиер на сите граѓани, реформска влада која ќе се фокусира на членството на Македонија во НАТО и ЕУ, надминување на политичката криза и целосно расветлување на случаите што ги води Специјалното јавно обвинителство, нови работини места и ефикасни институции.

Според него никој нема право да ги блокира демократските процеси на граѓаните.„Ќе бидам премиер на сите граѓани, независно од политичката определба. Нема да ги делам граѓаните на подобни и неподобни. Ние веруваме во општествениот концепт, едно општество за сите“, рече Заев.

Тој најави дека ќе има целосна промена на начинот на водење на политика во Македонија. „Дојдено е време политичарите да се плашат од граѓаните, да поднесат отчет и да понесат одговорност“ додаде Заев.

Тој ја повика идната опозиција да ја поддржи програмата на новата Влада.

– Се што прави нашиот политички противник води кон поделба на Македонија. Знаат дека промените носат правна одговорност за криминалите и злодела кон граѓаните. Тие не смаат да бидат изиграни и изневерени од ниту една партија. Ќе има целосна промена во начинот на водење политка во Македонија. Македонија е зрела за нов начин на водење држава и политика. Дојде време политичарите да понесат одговорност. Ќе овозможиме контрола на власта од граѓанските организации и медиумите. Потребно е учество на секого во овие реформи. Ве повикувам сите граѓани да се вклучите во реформите затоа што вие граѓаните сте гласот на демократијата. Нема веќе да има надлуѓе – рече Заев.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha