Заев ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ги промени политиките, изборите биле крај на национализмот во Македонија

ZAEV

Премиерот и лидер на владејачката партија СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција во Владата повтори дека изборите биле фер и демократски, притоа ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги промени политиките кои ги водела изминатиот период.

„Изборите беа потврда за добри кандидати, а граѓаните дадоа поддршка на дебатата за тоа во кој правец ќе се движи државата. Пораката дојде до нас како потврда за нашите политики. Овие избори нека бидат крај на целиот национализам во државава. Граѓаните имаа избор на слободни и демократски избори да кажат во кој правец сакаат да се движи нашата држава.

Видовме дека не помина национализмот ниту во источна, ниту во западна Македонија.

Пораката ја пратија граѓаните, кои се најмудрите политичари. Мора да се почитуваат овие политики, а ја повикувам опозицијата да ги промени нејзините политиките кои ги водеше во изминатиот период.

Повикувам на заедничка соработка во парламентот и другите институции, а немам намера да се мешам во нивната внатрешна политика. Но потребна ни е силна опозиција која ќе гради силно општество“, рече Зоран Заев.

You may also like...

Sorry - Comments are closed