Заев: Скопје поседува три пати поголем капацитет и потенцијал од она што е досега сработено

ЗАЕВ

Граѓаните да се приклучат на патот кој носи живот за да се комплетираат промените и да се почувствуваат позитивните резултати во секој крај на Македонија, повика претседателот на СДСМ Зоран Заев од денешниот митинг во скопската општина Кисела Вода.

Заев посочи дека тимот на кандидати за градоначалници што го номинира СДСМ и коалицијата ја имаат неговата поддршка и споделени знаења од долгогодишното искуство што тој го има во успешно водење на општина.

– Сакам и можам да ве уверам, Кисела Вода може поинаку. Кога зборуваме за акцијата за живот, за нашите мерки, тоа е навистина за животот на секој од нас. Можеби денес е најважно вработувањето, но утре е најважна работата преку урбанизмот во општината. Затоа велиме градиме по план. Задутре е важно да биде кренат сметот пред куќата. А најважно децата да ни имаат соодветна настава и достојни хигиенски услови во училиштата. Затоа општините се важни, да бидат сервис за сите” рече Заев.

Тој истакна дека капацитетите на општините не се целосно искористени од причини што запоставен е локалниот економски развој, а како пример го посочи градот Скопје за кој рече дека дека поседува за три пати поголем капацитет и потенцијал, од она што досега е сработено.

Заев ги повика идните градоначалници да работат чесно и во интерес на сите граѓани.

You may also like...

Sorry - Comments are closed