Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ЗАЕВ: РЕЖИМОТ Е НА ЕДНАТА СТРАНА, ЖИВОТОT Е НА ДРУГА

Останете фокусирани на целта, секој од нас има историска улога, во ова историско време во Македонија, кога рушиме режим и отвораме пат на животот. Секој е важен! Повторувам, секој е важен! Секој е потребен во оваа борба, немаме простор за грешка, немаме простор да немаме став, немаме простор да оставиме на случајот. Немаме право тоа да им го направиме на своите деца и на својата земја. Режимот го држи секој од нас, секого од вас, на работ на провалијата, независно дали сте гласач на опозицијата или гласач на власта, независно од која етничка припадност сте. Секого, изјави претседателот на СДСМ и носител на каднидатската листа во ИЕ 4, Зоран Заев, на синоќешниот митинг одржан во Карпош.

– Режимот ја држи и Република Македонија на работ на неизвесна иднина. Конецот е тенок, ризикот е преголем само да гледаме, за секој од нас се работи и укажувам, одговорноста за изборот или-или, или режим или живот е лична, а последиците се заеднички. Ги гледам плоштадите и салите полни, како што е вечерва овде полно Карпош, а полно е и моето срце.

Другари, вредеше! Вредеше цела наша жртва за вистината. Вредеа сите искушенија низ коишто поминавме, се што издржавме. Затоа што не направи посилни, затоа што не обединија сите, затоа што денеска, секој од нас, јасно како бел ден, може да направи разлика! Режим е од една страна, живот е од друга страна! Ние сме за живот, ние сме за Македонија! На претходните избори Центар се крена за Скопје, на овие избори Карпош ја прави разликата – Карпош повлекува победа за Скопје, Скопје повлекува победа во Македонија.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us