Заев: Последни моменти пред формирањето нова Влада

ZAEV

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, денес пред седиштето на СДСМ изјави дека одлуката за формирањето нова Влада ќе биде објавена многу брзо. Во врска со разговорите со Движењето Беса, тој рече дека нивната одлука ќе биде објавена во текот на денот.

Денес, во 19 часот, ќе заседава Централниот одбор на СДСМ, по што ќе биде објавена предлог листа до Собранието за целиот Владин кабинет и за новата програма на новата влада.

Во меѓувреме, пристигна соопштение од СДСМ до медиумите во кое се вели дека постои согласност со Движењето Беса за споделување на определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, но не бил постигнат договор за одреден дел од прашањата.

You may also like...

Sorry - Comments are closed