Заев: Посебно внимание ќе се посвети на мерките за доверба меѓу Македонија и Грција

ЗАЕВ

Секоја средба е шанса за изнаоѓање на решение за одблокирање на евроинтеграциските процеси кон НАТО и ЕУ. Знам дека секоја пријателска средба може да ги доближи ставовите и да и овозможи на нашата мала земја, нашата Македонија после толку години конечно се придвижи напред, изјави Премиерот Зоран Заев, на денешната конференција на тема „Неплатена работа, родова нееднаквост и ветувањето на економијата за грижа и нега“.

Зборувајќи за очекувањата од денешната средба помеѓу шефовите на македонската и грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕиас, Зеав рече дека ваквите средби се охрабрувачки.

„Денеска се очекува посебно внимание да се посвети на мерките за доверба меѓу двете земји и се надеваме дека граѓаните ќе почувствуваат покенкретни резултати. Очекувам позитивни перспективи од ваквите состаноци.

На прашањето кога же бидат избрани првите луѓе на БЈБ и УБК, Заев рече дека тоа би требало да се случи во четврок или петок.

Премиерот рече дела има позитивни очекувања и од денешната расправа на Европскиот парламент за резолуцијата за Република Македонија, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година, како и отстранување на условената препорака.

– Знаете дека имаме условена препорака, првиот логичен чекор е да се тргне условеноста на препораката, да опстои препораката, а наша желба е да почнеме преговори со ЕУ. Се надевам дека тоа ќе се придвижи брзо, секако тоа зависи од реформите, но и од нашите соседи, пред се од Грција, но зависи, како што знаете, и од Бугарија заради непотпишаниот договор во кој правец работиме, со цел час поскоро да може да се одблокираат ваквите процеси, изјави Заев.

You may also like...

Sorry - Comments are closed