Заев останува на чело на СДСМ-сега пред него има друг поголем предизвик

ZAEV

На 22 Конгрес на СДСМ одржан вчера во Скопје Зоран Заев како единствен кандидат е повторно избран за лидер на партијата со мандат од четири години.

Радмила Шекеринска пак, повторно ја доби довербата на 700 делегати на конгресот и останува на функцијата заменик претседател на партијата која заедно со албанските партии ДУИ, Беса, и Алијансата за Албанците, го предводи парламентарното мнозинство во Собранието.

Заев после реизборот за челник на СДСМ укажа дека претстои долг пат на остварување реформски задачи, барајќи од членството и симпатизерите истрајно да продолжат со „темелно делување“ на европскиот курс.

„Треба да создадеме општество на еднакви вредности и шанси. Тоа е пат до ЕУ и НАТО. Македонија има со што да се гордее, граѓаните со пенкало срушија режим и се на чекор до нова влада. Направивме многу, ќе направиме уште повеќе. Подготвен сум за тој пат“; изјави Заев.

Во обраќањето на Конгресот тој укажа дека нема да дозволи повторување на злото кое раководството на ВМРО ДПМНЕ им го нанесе на граѓаните и државата, додавајќи дека целта е обезбедување евро-атлански перспективи.

Најви старт на реформи со нова влада која има европски вредности, која, како што рече Македонија ќе ја добие следната недела.

На Конгресот на СДСМ присуствуваа и поранешниот лидер и премиер и шеф на државата Бранко Црвенковски, како и претставници од албанските партии од коалицијата-Теута Арифи, Невзат Бејта, Изет Меџити од ДУИ, лидерот на БЕСА, Билал Касами, како и претставници од вонпарламентарните партии Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, и гости од сестринските партии од регионот и ЕУ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed