Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Заев од Штип: Федерализација ќе нема, но конфискација на имот ќе има!

Ајде моја источна Македонијо!, Ајде Штип! Победа! Да го вратиме животот! Ќе го добиете за десетина дена својот живот. Ќе има живот во Македонија -рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ вечерва во Штип.

– Само десет дена не делат од победата. Ве понижија вас текстилни работници Ве деградираа Ве тераа да работите прекувремено на празници. Ве вадиме од темнината и Ве враќаме во животот. Никој не Ви дал живот за да го одземе. Државата мора да обезбеди достоен живот за жителите. Државата ќе го стори тоа – рече Заев.
Тој посочи дека глумечката банда на Груевски е време да си оди.
– Да им порачаме на глумачката дружина на Никола Груевски. Заминувате! Вашата претстава заврши! Вашата претстава заврши во Штип и во Македонија! Граѓаните не сакаат претстави , нив кога ги сакаат ги гледаат во театар- рече Заев.
Заев им вети на текстилните работници повисока минимална плата.
– Од април вие текстилните работници како и сите други ќе имате иста минимална плата, ќе биде платен секој прекувремен час, Владата ќе ги помогне фирмите да го остварат тоа -рече Заев.
Заев го претстави економскиот дел од програмата. Подршката кон фирмите, враќањето на ДДВ, бесплатно болничко лекување.
– Ќе има правда. Секој кој крадел ќе ги врати парите- рече Заев.
Заев ги повика да го поддржат планот за живот зашто тој ќе ги врати младите.
Ме пречека деновиве овде во Штип, тетка Зоре и плачеше дека со парите што ги имаат не можат да купат леб дома. Болна е од рак и не може да плати да се лекува во болница ниту да го плати лекот. И останува само да се моли на бога за живот. Уште колку дамари и судбини  како тетка Зоре ќе гледаме во земјава. Уште ли ќе гледаме и молчиме. Не! Го креваме нашиот глас пенкалото на нашиот живот е во наши раце на 11 декември. Зашто ќе избереме живот во Македонија – рече Заев.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us