Заев од Прилеп вети поголеми субвенции за тутунопроизводителите и нов закон за тутун

ЗАЕВ

Претседателот на СДСМ и премиер на РМ, Зоран Заев, на синоќешниот митинг во Прилеп вети поголеми субвенции за тутунопроизводителите, кои ќе бидат поделени во три класи, како и нов закон за тутун.

„Од тутунот живеат огромен број семејства во Македонија, а посебно овде во Прилеп. Во 2018 година ќе го донесеме новиот закон за тутун. Конечно, ќе има три класи за тутун. Првата класа ќе биде субвенционирана со 80 денари, втората со 70 денари, а третата со 60 денари.

Зошто ќе биде тоа така?
За да ги мотивираме и поттикнеме тутунопроизводителите да вадат поголем квалитет. Вадејќи поголем квалитет, ќе имаат поголеми приходи и примања од тутунот. Ќе одиме со стимулативни политики во земјоделството, истовремено во сите други земјоделски култури сѐ што ќе значи зголемување поголемо од 10 отсто ќе ги добие субвенциите, ќе ги добие субвенциите за тоа што е зголемено 10 отсто и 10 отсто ќе добие награда“, рече Заев на митингот во Прилеп.

Ајде овде од Прилеп, рече Заев, да го распламтиме огнот на слободата, по сите села и градови, во цела Македонија.

„Прилеп сака промени, затоа Прилеп се прилепува на слободата, Прилеп се прилепува на животот. За Прилеп, за животот во Македонија за сите“, нагласи Заев.

Тој истакна дека Македонија има пари и народот си ги плаќа давачките, но нагласи дека требаат чесни политичари и на централно и на локално ниво.

„Сите заедно мора да ја сработиме работата, секој во доменот на своите можности. Дванаесет години водев општина, знам колку се важни општините за граѓаните, премногу се важни. Амбиентот во Владата е да продолжиме со децентрализацијата, да ги пуштиме капиталните трошоци и инвестиции на локално ниво, да го генерираме регионалниот развој, да стигнеме до крајот на мандатот до еден процент од БДП.

Тоа се приближно сто милиони евра годишно за рамномерен регионален развој. Имаме намера социјалната заштита да се води грижа на локално ниво, здравствените домови да ги симнеме на локално ниво, да ја јакнеме општината.

Да гласаме за бројот 19! Да гласаме за доктор Илија Јовановски, да гласаме за Миле и оваа прекрасна советничка листа, да гласаме за живот во Прилеп за сите, да гласаме за живот во Македонија за сите“, рече Заев на партискиот митинг во Прилеп.

You may also like...

Sorry - Comments are closed