Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ЗАЕВ: Македонија земја на еднакви можности за сите граѓани

Лидерот на СДСМ на митингот во Шуто Оризари им вети на граѓаните Роми дека ќе има достоинствен живот за нив, еднаков со оној на Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците и Власите. 

Македонија е земја мајка еднаква за сите нејзини граѓани. Понижувањата на ромскиот народ што власта на Никола Груевски со години ги правеше ќе завршат на 11 декември, затоа што овој народ е решен да си го врати животот. Ви ветувам достоинствено образование за Ромите, еднакво и квалитетно ќе ги мотивираме децата да се запишуваат и во средно и во високо образование. Ветувам еднаквост при вработување во администрација, никој повеќе нема да ви бара рекет, ќе се вградите и заедно ќе се избориме за вашите права – рече Заев.

–  Ви ветувам достоинствено образование за Ромите, еднакво и квалитетно ќе ги мотивираме децата да се запишуваат и во средно и во високо образование. Ветувам еднаквост при вработување во администрација, никој повеќе нема да ви бара рекет, ќе се вградите и заедно ќе се избориме за вашите права – рече меѓу другото во Шуто Оризари, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека за четири дена победува животот во Македонија, каде ќе има 30.000 денари просечна и 16.000 минимална плата.

– Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните. 140 милиони евра ќе насочиме кон поддршка на домашните фирми со што ќе овозможиме да се развиваат и отвораат нови работни места и да даваат повисоки плати. Така ќе има просечна плата од 30.000 денари, рече Заев. Најави фер плаќање на јавни давачки и порача дека тие што не користат парно нема да плаќаат за нешто што не користат.

– Кој има помалку ќе плаќа помалку. Оние со најнизок доход воопшто нема да плаќаат. Нема повеќе блокирање на сметки за неплатена радиодифузна такса. Ќе има бесплатно болничко лекување за сите и ќе ја укинеме партиципацијата. Ќе воведеме енергетски ваучери за струја и затоплување. На семејствата без приход државата ќе им дава 12.000 денари месечно, рече Заев. Порача дека на овие избори се гласа за повисоки плати, за силни домашни фирми, за парите кај граѓаните, за институции во служба на граѓаните и за правда за сите.

– Не се гласа за партија. На овие избори гласате за вашата иднина и иднината на Македонија. Ни треба стабилна иднина. Секој ќе одговара по закон. Македонија има иднина. Иднината е во единството и сплотеноста, порача Заев.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us