Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Заев: Заврши времето на поделби, Македонија е обединета за живот

Вечерва Дебар ја испрати најсилната порака до сите страни на Македонија, единствени, сплотени сме, обедените сме за нас, за нашите деца, за живот во Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Дебар.
– Оваа полна сала вечерва покажува дека заврши времето на поделби, како што не делеа во изминативе десет години по сите основи и партиски и национални. Покажавме и докажавме дека можеме да бидеме заедно во борбата за иднина тука во Македонија. Сакам да ви кажам дека на мене може да сметате како на брат. Стоите на вистинската страна. И покрај сите закани и притисоци вие вечерва дојдовте овде заедно, за да ги вратиме младите тука, сите заедно да градиме нов живот во Македонија –  додаде Заев.

Тој на митингот во Дебар ги повика сите административни работници, сите приматели на социјална помош и сите приматели на субвенции да се охрабрат да не се плашат повеќе од притисоци и закани и да се приклучат без страв во борбата за нов живот во Македонија.

– Ова не се избори за СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, ова не се избори за политички партии, ова се избори за нас, за нашите деца, за нашите внуци. Ова се избори за нашиот живот, тука во Македонија. На 11-ти декември да го заокружиме бројот 4 и да ги вратиме слободата, демократијата, правдата и животот на сите – порача претседателот Заев од митингот во Дебар.

„Македонија не може да оди напред и да биде просперитетна и сигурна земја, без да се открие вистината докрај за тоа кој ги уби децата кај Смиљковско Езеро, кој го уби Мартин Нешкоски, без да се открие целата вистина за кумановско Диво Насеље“, порача синоќа од митингот во Охрид, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев рече дека мултиетничка Македонија е предност и гаранција за сите нејзини граѓани.

– Тоа не ѝ одговара на забеганата, аздисана власт, која мора да биде казнета за пример за сите идни влади. Никогаш повеќе ваква власт и ваков режим нема да се повторат. Купуваат пасоши, не прашуваат за пари. Каде ќе бегаат? Уште сега ѝ порачувам на граничната полиција, ја предупредувам, да внимава кого ќе пушта надвор. Доаѓа победата, нашата коалиција ќе има 5 до 10 мандати повеќе од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – рече Заев.

На митингот во Охрид говореше и Радмила Шекеринска, заменик-претседателка на СДСМ и носителка на листата во петтата изборна единица. Таа рече дека Охрид повеќе нема да биде лидер во иселувањето зашто, како што рече, „граѓаните ќе одберат живот“. Таа на охриѓани им вети субвенции за вработување, во висина од 140 милиони евра за помош на домашните бизниси.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us