Заев: До крајот на годинава чиста препорака, вгодина датум за преговори

ZAEV

Владата денеска одржа прва тематска консултација со граѓанските организации и медиумите.

Намера на Владата е до крајот на годинава Македонија да добие чиста препорака за почеток на преговори со ЕУ, а идната година и датум за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон Европската Унија, рече денеска премиерот Зоран Заев на денешната прва тематска консултација што се одржа во Владата со граѓански организации и медиуми.

– Владата во првиот месец го направи првиот чекор и го обезбеди позитивниот амбиент за остварување на овие цели. Покажваме посветеност кон вредности, подадовме рака за соработка преку политиките на инклузивност во државата, преку политиките на мостови кон соседите и преку политиките на отвореност кон нашите стратешки партнери ЕУ и НАТО. Тоа е препознаено од ЕУ институциите и од Брисел кои се подготвени да ни помогнат да ги откочиме евроатлантските интеграции. И ние како Влада ја препознаваме својата одговорност. Владата на РМ гледа партнер за реформскиот процес во сите демократски и граѓански ориентирани сили во државата. Тоа се политичари, експерти, истакнати индивидуалци и секој граѓанин кој сака да помогне – рече Заев.

Тој најави соработка на Владата со Парламентот, со партиите, граѓанските организации, синдикатите, коморите, заедниците, медиумите, граѓаните.

– Реформите на кои ќе работиме се реални и остварливи. Тоа се итните реформски приоритети кои произлегуваат од извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Рајнхард Прибе. За да профункционира правната држава, објективни медиуми, професионална полиција потребна е силна политичка волја, енергија, ентузијазам, надеж, верба, храброст и уште многу други позитивни човечки атрибути.

– Знам и препознавам дека позитивна енерија и оптимизам има и меѓу граѓаните. Нема да биде лесно, но вие граѓаните сте креативната силна на Владата. Јас сум уверен дека заедно ќе ги затвораме важните државни прашања со што долгорочно ќе ја обезбедиме потребната политичка и економска стабилност во Македонија. Овие процеси ќе бидат целосно отворени и отчетни. Успесите на оваа Влада се успеси на граѓаните на Македонија и на државата Македонија – додаде премиерот Заев.

You may also like...

Sorry - Comments are closed