Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Заев дојде сам, судењето за случајот „Поткуп“ одложено

Судијката го одложи судењето за 2 декември, на што Заев реагираше и побара рочиштето да не биде во изборна кампања затоа што мора да присуствува на митинзи кои се надвор од Скопје и ако може да се одложи по изборите, на 12 декември. 

Судењето за случајот „Поткуп“, во кој како осомничен се јавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска повторно беше одложено.

Причина за одложувањето беше отсуството на тројцата адвокати на Заев, двајца од нив од здравствени причини не можеле да присуствуваат на судењето, а едниот од нив утрово го известил Заев дека тргнал кон Скопје, но поради проблеми со возилото нема да биде во можност да стигне на судењето кое беше закажано за во 10 часот.

Во судницата беше присутен сведокот Иван Николов од кој Заев, според обвинението, побарал поткуп.

Последен пат судењето беше одложено на 22 септември поради службено патување на Заев.

Заев, според Обвинителството, во својство на градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us