Заев: Го подготвуваме текстот за гаранции за унитарноста што ги бара Иванов

ZAEV

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се надева дека ќе го добие мандатот во законскиот рок и најави седница за избор на влада откако ќе го добие мандатот.

„Постојано сме во контакт со кабинетот на претседателот Иванов, за да го усогласиме текстот на гаранциите за унитарноста на државата кои треба да му бидат предадени. Штом таа работа ќе биде завршена, очекувам претседателот да ми го предаде мандатот за формирање влада“, изјави Заев пред Основното јавно обвинителство каде што денеска сведочеше како оштетен од нападите од 27 април.

Тој сепак, не кажа конкретно кога ќе му го достави текстот на Иванов.

„Треба да се држиме до таа варијанта, дека Иванов има формална улога да го предаде мандатот, но јас сакам сѐ да биде според законот и процедурите“, рече Заев.
Во врска со локалните избори и законските измени кои треба да се направат за да не се блокира работата на локалната самоуправа, претседателот на СДСМ вели дека е потребно пратеничките групи во меѓусебен договор да го усогласат текстот на измените на изборниот законик кои треба да поминат пред законодавно правната комисија и комисијата за политички системи.

Пред новинарите Заев како можни термини за одржување на локалните избори ги спомена октомври годинава или март идната година.

You may also like...

Sorry - Comments are closed