Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Жидас Даскаловски: СДСМ во обидот да добие власт го разјаде унитарниот карактер на Македонија

Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање на политики, е дециден дека на изборите се потврдило, оти „иако нешто намалена во однос на 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ има многу солидна и сигурна поддршка од 450,000 гласови и дека приказните за ‘фантомски’ гласачи, притисоци врз јавната администрација, купување гласови и слично, паѓаат во вода.

Веројатно е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно со евентуално ‘Алијансата на Албанците’, или дури и ДПА, би составиле влада. До локалните избори има многу малку време и сигурно за Никола Груевски и Али Ахмети е подобро да ги имаат полугите на власта и да се обидат да направат подобри резултати на локални избори, отколку земјата да продолжи да биде во криза.

zidas-daskalovski

Во однос на можностите за формирање на нова влада, за д-р Даскаловски, „Широка коалиција е помалку веројатен исход, заради тоа што за истата ќе треба помплексни договори, а бидејќи времето до локални избори е кусо, тие преговори може да се пролонгираат дотогаш, па така, да опстои моменталната влада т.н. ‘Пржинска’ Заради ветувањата на Заев, сé е можно во однос на тоа дали албанските партии ќе ги зголемат своите барања и дали разединетоста на македонските партии ќе се одрази на прашањето за името, идентитетот, и воопшто, државата. Всушност, СДСМ во обид да добие власт го разјаде унитарниот карактер на земјата, нешто што беше зацементирано во 2001-та година, како македонско барање“.

СДСМ успеа да се создаде нов електорат кој гласа во негова полза. Во случајов, станува збор за етнички Албанци на кои Зоран Заев им ја ‘продаде’ приказната за проширување на рамката на Охридскиот договор, смета Даскаловски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us