Ердоган проговори за референдум за членството во ЕУ

ERDOAN

Турција може да распише референдум и за тоа дали да продолжи со преговорите за членство во Европската унија, изјави во саботата претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„На 16 април спроведуваме референдум и потоа може да избереме да направиме втор за преговорите за членство во ЕУ, по што ќе се приспособиме на волјата на народот“, рече тој на форум во Анталија. Пред неколку дена тој рече во телевизиско интервју дека претстои целосна ревизија на односите со Европа.

Во последниве месеци односите меѓу Турција и голем број држави од Европската унија и Европската економска заедница се влошија. Поводот беше масовната чистка на десетици илјади турски службеници, војници, полицајци, судии, наставници, научници и новинари по обидот за државен удар од 15 јули 2016 година. Дополнителен напон се натрупа покрај обидот на турски министри да агитираат во турските заедници во Европа во корист на уставните промени кои ќе дадат многу повеќе власт на Ердоган, ако бидат одобрени следниот месец.

Последен амбасадор повикан за објаснување во Анкара, беше оној на Швајцарија, а прилика – протест на илјадници Курди во земјата, кои го обвинуваат претседателот за диктаторски активности.

You may also like...

Sorry - Comments are closed