Ердоган: Одлуката за референдум е предавство

ERDOGAN

– До последен момент не веруваме дека (Масуд) Барзани ќе направи таква грешка како што е одржување на референдумот – посочи Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини лидерите на Ирачки Курдистан за предавство поради референдумот за независност и ги предупреди ирачките Курди дека „ќе умрат од глад“ кога Турција ќе им забрани на нивните камиони да ја преминуваат границата.

– До последен момент не веруваме дека (Масуд) Барзани ќе направи таква грешка како што е одржување на референдумот, очигледно згрешивме. Ова одлука за референдумот, која е донесена без никакви консултации, е предавство, посочи Ердоган.

Во исто време Ердоган се закани дека и ќе ја прекине дистрибуцијата на гас што се одвива преку гасоводот од северен Ирак.

You may also like...

Sorry - Comments are closed