Ердоган кај Трамп: Ѓулен не е тема, Курдите на нишан на Турција

ERDOGAN

Претседателите на САД и Турција, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган, се заложија за подобрување на билатералните односи и за партнерство во борбата против Исламска држава.

Тоа го истакнаа иако не се согласуваат за улогата на курдските борци во сирискиот конфликт.

Трамп по средбата со Ердоган во Белата куќа најави дека ќе го обнови военото и економското партнерство со Турција и дека ќе ја поддржи борбата на Турција против Исламска држава и курдските бунтовници ПКК, кои САД, ЕУ и Турција ги сметаат за терористичка организација.

За таквите групи „нема да има безбеден кварт“, рече тој.

Ердоган му честита на Трамп за изборната победа. И покрај тоа што побара од Вашингтон да го екстрадира турскиот имам Фетула Ѓулен, кого Анкара го смета за одговорен за ланскиот обид за државен удар во Турција, АП вели дека тоа не е предизвика поголема тензија.

Трамп обраќајќи им се на новинарите директно не зборуваше за одлуката да ги вооружи сириските Курди, но истакна дека САД и Турција се заеднички определени во завршување на конфликтот во Сирија.

Од друга страна, Ердоган рече дека е апсолутно неприфатливо курдската милиција во Сирија да се смета за партнер во тој регион, објави АФП.

„Во исто време, никогаш нема да им дозволиме на овие групи што сакаат да ги променат етничките или религиските структури во регионот со користење на тероризмот како изговор“, додаде Ердоган.

You may also like...

Sorry - Comments are closed