ДУИ ќе ги истражува сите функцуонери во партијата за злоупотреби

DUI

Демократската унија за интеграција разговарала за потребата од транспарентно реформирање на сите партиски нивоа на последниотсостанок на Претседателството на ДУИ кои што ќе вклучуваат и истражување на активностите на сите нивни функционери од 2002 година до денес.

-За нас, довербата на граѓаните за Претседателот Али Ахмети и Демократската Унија за Интеграција е над се и затоа, за обелоденување на целосната и единствена вистина, ДУИ останува, бара и ќе се ангажира за длабоко истражување на активноста на секој функционер од 2002 година до денес и пренесување на одговорност за евентуални злоупотреби на партиската доверба и службената должност.

Убедени во нашата активност, овој чекор го покажува цврстиот ангажман за обелоденување на вистината и иницијативата за реформи за стабилност и продолжување на ДУИ како национална вредност, преку правно и институционално отстранување на сите сомнежи, но, исто така, и постојаните тенденциозни клевети обратени кон ДУИ, се вели во соопштението на ДУИ.

Од ДУИ сметаат дека вака ќе ги замолчеле сите кои оние кои им упатувале критики кои „вклучуваат неаргументирани обвиненија за корупција, небулозни за национално предавство дури и безмислени обвиненијата за убиство“.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha