Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ДУИ: Благосостојбата на Албанците е нашата главна цел

Демократската унија за интеграција, преку економската конференција го промовираше еден од главните столбови, столбот за развој и економска рамноправност. Фатмир Бесими од економскиот секретаријат на ДУИ рече дека ДУИ ќе ја зајакне агендата на приоритети со понатамошно унапредување на економската состојба.

„Политичките прашања, меѓуетничките односи и евроатланските интеграции се приоритетите на ДУИ, а во периодот што следи, посебен акцент ќе се стави на унапредувањето на економската состојба, овозможувајќи поразвиена економија и еднакви можности. Ова подразбира рамномерен регионален развој, транспарентна и правична распределба на буџетот, инвестиции во инфраструктура, повеќе домашни и странски инвестиции, отворање на нови работни места. Сето ова за создавање благосостојба и повисок стандард за секое семејство, како и перспектива за младите во нашата земја“, рече Бесими на економската конференција на ДУИ.

Бесими ги спомна инвестициите во инфраструктурата, автопатот Коридорот 8 Скопје – Струга што се надоврзува со Тирана и Скопје – Блаце, што се надоврзува со Приштина, повеќе инвестиции во слободните економски зони во Тетово, Кичево и Струга и отворање на нови слободни зони во Липково и Куманово.

Проектите што ги содржи програмата на ДУИ, не се само збирка предизборни ветувања, туку, рече Бесими, тоа е „завет“ за чија реализација гарантира ДУИ.

На конференцијата Артан Груби, носител на листата во ИЕ 1 зборуваше за јазичната рамноправност и за економските придобивки што ќе ги имаат Албанците

Ејуп Алими, носителот на листата на ДУИ од ИЕ2 говореше за консензуалното одлучување и придобивките што ќе ги има економијата во албанските зони, особено од порастот на приходите од државниот буџет.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us