Драматичнa снимка од експлозијата во Анкара покажува како паѓа дожд од пламени врз луѓето што бегаат

turcija

Ужасна снимка од вчерашниот напад во Анкара покажува како експлозијата избувнала на прометната улица, фрлајќи пламени кон големиот број луѓе што бегаат. Бомбата, наводно детонирана од жена-терорист на автобуска станица, уби најмалку 37 луѓе.

Нападот беше извршен во близина на главниот плоштад во турскиот главен град, при што беа повредени 125 лица. Според министерот за здравство Мехмет Муезиноглу, 19 од 71 повредено лице што во моментов добиваат третман во болница се во сериозна состојба.

Експлозијата, која можело да се слушне и од неколку километри, се чини дека е предизвикана од автомобил што експлодирал во близина на автобуска станица, објави турската телевизија ТРТ, додавајќи дека местото е главен транспортен центар.

Иако засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, двајца високи официјални безбедносни лица за Ројтерс изјавија дека првичните наоди сугерираат дека се одговорни припадници на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) или некоја група поврзана со неа.

Полицијата идентификуваше и еден од напаѓачите, жена, родена во 1992 година и со потекло од источниот турски град Карс.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha