Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ДПА ја презентираше програмата во Чегране

Граѓаните да излезат на гласање бидејќи со дадениот глас за Демократската партија на Албанците може да се промени лошата состојба во државата, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тој изјави дека, платформата и програмата на Демократската партија на Албанците се фокусираат на две сфери, економијата и политиката.

ДПА ја презентираше својата програма и пред жителите во гостиварското село Чегране. Граѓаните да излезат на гласање бидејќи со дадениот глас за Демократската партија на Албанците може да се промени лошата состојба во државата, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тој изјави дека, платформата и програмата на Демократската партија на Албанците се фокусираат на две сфери, економијата и политиката.

„Нашите политички конкуренти од Демократската унија за интеграција со својот однос придонесоа градовите и селата каде што живеат Албанци да се празнат бидејќи еве и тука во Чегране нема канализација, асфалтирани патишта, училишта, здравство. И гласот за помалите партии од албанскиот политички блок во Македонија директно оди на Груевски и на Заев. Затоа, за да се запре егзодусот на младите, треба да се гласа масовно за поддршка на програмата и платформата на Демократската партија на Албанците како единствена опција за подобрување на политичката и економската положба на Албанците. За поправање на состојбите, сакаме ослободување на сите осудени врз основа на монтираните судски процеси, а во економската сфера, граѓаните да се ослободат од плаќање на долговите кон државата. Во економијата најважно е да нема веќе дискриминаторски буџет, да има правична и пропорционална распределба на државните пари во Македонија и да има инвестиции во сите региони подеднакво“, изјави претседателот на ДПА, Меднух Тачи.

Според Тачи има неколу работи кои треба да се решат по изборите,  Македонија да се интегрира во НАТО и да се реши спорот со Грција, а механизмот на вето треба да биде дел од уставот и законите во Македонија. Пред присутните говореа членот на форумот на млади на ДПА како и кандидатот за пратеник Рушит Веапи.

„Тешката ситуација во која се наоѓаме е благодарение на власта. Демократската унија за интеграција не се грижи за народот, туку за тендерите и како да условуваат Албанци за едно работно место. Ни било тешко и многу пати сме биле погрешно сфатени, но сега голем дел од луѓето сфатиле дека на политиките на дуи треба да им се каже стоп. Треба да им се каже стоп, бидејќи оваа земја има способни луѓе кои знаат да упарвуваат со неа. Ова земја ја има ДПА и претседателот на Мендух Тачи“, рече Рушит Веапи, кандидат за пратеник на ДПА.

ДПА ја побара поддршката на жителите на Чегране, повика на масовна излезност на денот на изборите.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us