ДПА со кампања во Порој и Теарце

ДАУТИ

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДПА, Бардиљ Даути денеска го посети селото Порој од каде порача дека има решение за коритото на реката, кое претставува постојана опасност за жителите од ова место, особено кога има интензивни врнежи.

Даути рече дека неговата екипа има план и вети решение и за другите проблеми на ова населено место. Како што вели тој, излевањето на Поројска река не претставува проблем само за земјоделското земјиште туку и за населението кое живее во близина на реката. Вечерва, ДПА ќе одржи собир во Теарце.

„Ова мора да се направи со цел да се зголеми безбедноста на жителите на ова место и да не се оштетат земјоделските насади. Поради фактот што излевањето на реката влијае лошо на еко-системот, ние ќе подготвиме проект за решавање на овој проблем. Ќе аплицираме за ИПА фондовите на Европската Унија, за да ни помогнат да го решиме проблемот со оваа река“, истакна Даути.

You may also like...

Sorry - Comments are closed