Димовски: Претседател на Собранието итно, ама под услов да распише избори

DIMOVSKI

Да го конституираме Собранието и да избереме влада после ќе ги отвориме сите прашања кои се за дебата, рече Спасовски од СДСМ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара итно да се избере претседател на Собранието под услов тој да го распушти и да распише нови избори.

По ова голем број пратеници се пријавија за процедурален збор и се побара од службите да го достават стенограмот од обраќањето на пратеникот од ДУИ Ејуб Адеми.

– Да го конституираме Собранието и да избереме влада после ќе ги отвориме сите прашања кои се за дебата. Во изминативе десет години постои само една платформа, тоа е криминална платформа и за тоа слушнаа сите граѓани на Република Македонија – рече пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски.

Спасовски уште еднаш нагласи дека на 29-ти јануари ВМРО-ДПМНЕ направила договор во кој ја прифатила истата платформа на Албанците која сега ја оспорува.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha