Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 51 мандат, СДСМ 49

Првичните резултати од предвремените парламентарни избори ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски на вчерашната прес-конференција.

Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ освоила 72.842 гласа или 33,44 отсто, ДПА има 4.851 или 2,23 отсто, ДУИ 12.890-5,92 отсто, СДСМ 92.247-42,35 отсто. Коалиција за промени и правда  3.152 или 1,45 отсто, Алијанса за Албанците 3.769 или 1,73, Либерална партија 1.331 или 0,61 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија  3.809 или 1,75 отсто, Движење Беса 11.591 или 5,32, Левица 4.556 или 2,09 отсто. Во мандати во ИЕ 1 СДСМ освои десет , ВМРО-ДПМНЕ осум, а Движењето БЕСА и ДУИ по еден мандат.

Во Втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат 73.712 или 36,15 отсто, ДПА 5.938 или 2,91 отсто, ДУИ 16.868 или 8,27 отсто, СДСМ 69.842 или 34,25 отсто, Коалиција за промени и правда  2.146 или 1,05 отсто, Алијанса за Албанците 6.051 или 2,97 отсто, Либерална партија 734 или 0,36 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија  3.264 или 1,60 отсто, Движење Беса 16.119 или 7,91 отсто, Левица 2.402 или 1,18 отсто. По извршената симулација, како што рече Чичаковски, системот покажува дека во ИЕ 2 ВМРО-ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ осум, ДУИ два и Движењето БЕСА еден мандат.

Во Третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ има совоено 102.829 гласа или 50,36 отсто, ДПА 587 или 0,29, ДУИ 1.142 или 0,56 отсто, СДСМ 81.204 или 39,77 отсто, Коалиција за промени и правда 1.359 или 0,67 отсто, Либералната партија 743 или 0,36 отсто, ВМРО за Македонија 6.700 или 3,28 отсто, Левица 1.767 или 0,87 отсто. Според направената симулација, во ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ освои 11 мандати, а СДСМ 9.

dik

Во Четвртата ИЕ, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 101.617 или 47,96 отсто, ДУИ 481 или 0,23 отсто, СДСМ 94.780 или 44,73, Коалиција за промени и правда 1.894 или 0,89 отсто, Либерална партија 603 или 0,28 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија 4.723 или 2,23 отсто, Левица 1.394 или 0,66  отсто. Во Четвртата изборна единица и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ освоија по десет мандати.

Во Петтата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ има 72.340 или 38,51 отсто, ДПА 3.426 или 1,82 проценти, ДУИ  13.982 или 7,44 проценти, СДСМ 71.020 или 37,81 отсто, Коалиција за промени и правда 1.239 или 0,66 отсто, Коалиција Алијанса за Албанците 7.355 или 3,92, Либерална партија 429 или 0,23 проценти, Коалиција ВМРО за Македонија 4.951 или 2,64 отсто, Беса 5.163 или 2,75 отсто, Левица 2.001 или 1,07 отсто. Во ИЕ 5 и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по девет мандати, а по еден мандат освоија Алијанса за Албанците и ДУИ.

Во Шестата изборна  единица ВМРО -ДПМНЕ има освоено 26.135 или 16,55 отсто, ДПА 16.225 или 10,27 отсто, ДУИ 40.599 или 25,70, СДСМ  25.828 или 16,35, Коалиција за промени и правда 239 или 0,15 отсто, ПДП 1.142 или 0,72, Коалиција Алијанса за Албанците 17.970 или 11,38 отсто, Коалиција ВМРО за Македонија 919 или 0,58 отсто, Движење Беса 25.054 или 15,86 отсто. По извршената симулација, во ИЕ 6 ДУИ има шест мандати, ВМРО-ДПМНЕ четири мандати, СДСМ и Движењето БЕСА по три, а Алијанса за Албанците и ДПА по два мандати.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us