ДЕТСКИ БРАКОВИ – СРАМНА „ТРАДИЦИЈА“ КОЈА И НАТАМУ ОПСТОЈУВА

DETCKI BRAKOVI

Дете е секое човечко суштество кое не навршило 18 години од животот, доколку врз основа на закон кој се однесува на детето, полнолетството не се стекнува поинаку“. Оваа реченица од Конвенцијата за правата на детето, сепак не е пречка во Македонија и натаму да се склучуваат детски бракови. Ускратувањето на првата на девојчињата, но и на момчињата, на детство, поради раните бракови, но и на изборот на партнер, претставува сериозен облик на кршење на човековите права, и во решавање на тој проблем неопходна е координирана активност на сите општествени фактори.

Се смета дека главна причина за детските бракови лежи во гетоизацијата, лошата образовна структура, слабата интеграција, како и стереотипите, патријархалната средина и сиромаштијата. Според последниот извештај на УНИЦЕФ, четири отсто од девојчињата во Македонија на возаст од 15 до 19 години се во брак или живеат во заедница. Кај Македонците процентот е два, кај Албанците шест, а кај ромите 22 отсто. Слична е ситуацијата со раната бременост, бројот на млади жени, на возраст од 15 до 19 години кои родиле или се бремени, на национално ниво изнесува три проценти, а кај ромското население е 18 насто, објаснува Салиоска.

Ова е актуелен проблем, вели Салиоска и нагласува дека поради недостатоци во законските регулативи и постапувањето на институциите, детските бракови премолчено се дозволуваат. Затоа невладината оранизација „РОМА С.О.С“ покрена предлог-измени на три закони.

Државата е должна да обезбеди механизми како на детските така и на родителските права и обврски. Ние поднесовме предлози за измена на три закони. првиот предлог се однесува на Законот за семејство каде треба експлицитно да се предвиди вонбрачна заедница, но и да се забрани склучување на вакви заедници помеѓу и со лица под 18 години. Ова ќе им овозможи на центрите за социјални работи да започнат со евиденција на вонбрачните заедници за да се следи ваквиот број, за кој досега нема податоци, и да се даде одредена поддршка, вели Салиоска.

Посочи дека втората предлог-измена се однесува на законот за средно образование, односно, предложиле да се прошири „збирката“ податоци која ја водат средните училишта и на тој начин да се евидентира напуштањето на средното образование поради склучување вакви бракови, со тоа, дополнително да се овозможи овие лица, или да останат во образованието, бидејќи е задолжително, или да се даде дополнителна социјална поддршка преку Центрите за социјални работи на ваквите семејства. И третата предлог-измена се однесува на кривичниот законик, односно во член 197 да се помести границата од 16 на 18 години за санкција на лицата кои дозволиле, или ќе склучат брачни заедници со малолетни лица. Овие предлози се доставени до соодветните министерства, вели Салиоска.

You may also like...

Sorry - Comments are closed