Дескоска: Се укинува екстерното

DESKOSKA

Идната министерка за образование и наука, Рената Дескоска на прес конференција во Собранието денеска информираше дека екстерно тестирање нема да има.

Како што рече таа, одблокирана е работата на Собранието и направен е договор за неколку комисии меѓу кои и Комисијата за образование и уште утре на дневен ред ќе биде екстерното тестирање.

„Првиот чекор во образованието го правиме со тоа што утре на дневен ред на седницата на Собранието ќе се најдат три закони со којшто ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта за таа цел денеска е одблокирано Собранието“.

Таа се надева дека опозицијата ќе соработува и ако е потребно ќе се работи и во сабота и недела, а дури може да се употребат и резервни варијанти (овластување на министерот) за измена на овој закон.

You may also like...

Sorry - Comments are closed