Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Делегација на Царината на 13. состанок на SELEC

Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорката, учествуваше на 13. состанок на Советот на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот (SELEC), што се одржа вчера во Букурешт, Романија.

Царинската управа на Република Македонија денеска информира дека нНа настанот се одбележа петгодишнината од постоењето на SELEC како меѓународно тело за борба со криминалот и центар за регионална соработка на полициите и царините од 12 балкански држави – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција, а за прв пат од своето постоење има генерален директор од Република Македонија. За време на состанокот беа презентирани постигнатите резултати на SELEC во текот на пет годишното работење, плановите за работа во иднина, како и предизвиците со кои континуирано се соочуваат земјите членки.

Царинската управа на Република Македонија, стои во соопштението, има секојдневна успешна соработка во рамките на SELEC, а се работи и на продлабочување на соработката преку зголемена размена на информации и иницирање на заеднички акции за сузбивање на криминалот во регионот на Југоисточна Европа.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us