Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Движењето Беса ја промовира својата програма пред граѓаните на Кичево

Синоќа во големата сала од Центарот за култура во Кичево, предизборната програма и кандидатите за пратеници ги промовира движењето Беса и неговиот коалициски партнер.

На членството и симпатизерите од оваа партија им се обратија кандидатите за пратеници од Кичево, Мазлам Османи во Изборна единица број 5 и Мефаил Зендели во Изборна единица бр 6. Сите говорници во своите обраќања ја осудија погрешната политика која се води изминатите децении на штета на албанската популација, а ја потенцираа и погубната политика и коруптивните елементи со кои досега владееше коалицијата.

-Во рамките на предизборна кампања денеска во Кичево ги имавме претставувањата на кандидатите за пратеници од нашата општина. Се трудиме Македонија да ја поставиме на здрави нозе, гледаме што и се случувало наназад, и таа погрешна политика која за жал македонскиве политичари ја злоупотребувале на сметка на нејзините граѓани. Ова мора да се корегира и затоа движењето Беса бара редифинирање на целиот политички систем, а со тоа и правата на Албанците и сите други да бидат многу поголеми-рече претседателот на огранокот Беса од Кичево и кандидат за пратеник, Мазлам Османи.

-Дојдено е време за целосни промени на политичката сцена. Доста беше од ДУИ, бидејќи од корумпирани политичари власт не бидува.Затоа треба да гласате за движењето Беса и да отворите нова страница на македонската политичка сцена, бидејќи ние сме тие што ќе ги бранат интересите на албанците во оваа земја-рече во свое обраќање Арбен Лабеништа, носителот на листата во ИЕ бр 5.

Претседателот Билал Касами поради службени обврски не присуствуваше на вечерашната промоција во Кичево, иако во текот на денот престојуваше во градот и оствари повеќе средби со членството и симпатизерите.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us