Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Данска ќе прекине да прима барања за азил на своите граници

Новата данска Влада има намера да поднесе суштински измени во миграциското законодавство и да прекине со приемот на барања за азил на нејзините граници, изјави министерката за прашањата на интеграцијата и имиграцијата Ингер Стојберг, во интервју што денеска е објавено во електронското издание на весникот „Берлингске“.

Доколку Парламентот ги прифати соодветните измени на законите, Данска ќе почне да прима барања за азил од лица кои се наоѓаат надвор од територијата на Европа. На тој начин, властите на ова скандинавско кралство планираат да се борат со криминалниот бизнис за транспортирање бегалци од Блискиот исток и Африка во Европската Унија.

– Целта на Владата е да го ослабне притисокот врз надворешните граници на Европа и да создаде максимално тешки услови за овие превозници – вели Стојберг.

Според неа, потребно е да се утврди нов механизам за добивање азил, што на Данска ќе и овозможи да дава помош на прво место на лица кои имаат најголема потреба, а не на оние кои имале доволно пари и решеност, на еден или друг начин, да дојдат до данските граници.

Владата забележува дека од правна гледна точка ваквите измени ќе бараат и ново преоценување на целиот европски систем за добивање азил.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us