Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Груевски: Тоа што многумина не можеле со војни Заев го дава да дојде на Власт

СДСМ го лаже народот, а такви кои им веруваат има се помалку, сега гледам се повеќе ја актуелизираат темата за двојазичност на целата територија, секој мора да ги знае двата јазика, проширување на рамковниот договор, кантонизацијата на нашата држава, дали тоа ни треба нас? Дали нашите борци гинеаа за тоа? Тоа што многумина не можеле со војни, Заев сака да го даде само за да дојде на власт. Затоа треба да се внимава,за кого ќе го дадете својот глас. Пред неколку дена ДУИ и ДПА излегоа со нивно барање за предлагање на свој кандидат за премиер доколку не се постигне бројката од 63 пратеника, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски.

-Планираме во идните четири години да отвориме 70.000 нови работни места, само преку мерката за самовработување се вработени над 12.000 лица, а сигурно бројката ќе беше поголема да не постоеше кризата, извозот порасна за 4 милијарди, само да ве потсетам дека извозот во 2005 изнесувал само една милијарда на нашата држава. Извозот и увозот во времето на СДСМ се помали само од извозот во моментов, дадовме под закуп над 60.000 хектари земјиште, овозможивме над 2.000 трактори и механизација преку принципот 50/50, се изградија над 74 нови училишта, преведовме и испечативме над 1000 книги и учебници на кои се учи на десетте реномирани факултети во свето, изградивме и многу тениски како и фудбалски игралишта. Се зголемија пензиите, социјалната помош, го намаливме ДДВ, а додека беше СДСМ на власт имавме само покачување на лековите, додека во време на ВМРО-ДПМНЕ имаме намалување на цената на лековите, истакна Груевски.

Тој исто така потенцираше во иднина се предвидуваат платите, пензиите како и социјалната помош да растат. Ќе се намали цената за студирање на факултетите, а ќе се обезбедат и стипендии застудентите

-Овде во Пробиштип преку мерките за вработување се отворени над 2000 ново отворени работни места, невработеноста е намалена над 50 проценти и ја реконструиравме браната злетовица. Ги реконструиравме и патиштата кои го поврзуваат градот со останатите населени места. Изградивме и водоводна мрежа, фекална канализација, се модернизираше скијачкиот центар Пониква, како и го реконструиравме градскиот парк во Пробиштип. Само во последните 5 години овде во Пробиштип дојдоа само 5 милиони евра за земјоделците, го воведовме докторот специјалист за да им помогне на граѓаните, отворивме народна кујна, како и во иднина се очекува да почне да почне со работа новата фабрика тука во Пробиштип, потенцираше Груевски.

Груевски во Пробиштип вети и градење на нови социјални станови за најранливите семејста, а вети и дека градот ќе добие гасовод во наредниот период.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us