Груевски: Се пријавувам прв за апсење, само да не се чепка државата

grujo

Во вечерашното интервју за ТВ Сител, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, го повика народот да ја брани државата. Тој рече дека е нападната унитарноста на државата, а само народот можел да ја одбрани.

„Се подготвува сценарио во неколку чекори за двојазичност, напад на унитарноста и кантонизација. Многумина ме сфатија сериозно кога предупредував, но некои не веруваа, мислеа дека тоа е само наша кампања за напад на СДСМ. Но, денес јасно е дека загрозена е државата“.

Груевски во интервјуто неколкупати го спомена народот, кој требал да ја одбрани унитарноста на државата.

„Ако народот не си ја одбрани државата, тогаш ќе има проблеми. Ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија дека некој друг ќе ја одбрани државата, се во заблуда“, рече Груевски.

Тој му порача на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да го уапси и затвори, но да не удира по темелите на државата.

“Ако некој згрешил пред законот и има докази за тоа, треба да одговара. Но, тоа не треба да се донесува во корелација со одбраната на државата. Ако му е желба да ме апси, јас се пријавувам за прв да ме носи во затвор и да ме малтретира, само да не удира по темелите на државата, нека удри по мене“, изјави Груевски.

Тој му упати јавна понуда на Заев, ако е решен по секоја цена да стане премиер, и ако се откаже од таа агенда за уривање на државата, ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде поддршка во Парламентот за малцинска власт и поддршка за сите закони кои се не задираат во идентитетот на државноста.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha