Груевски се појави на судењето за „Шамарите во Центар“

ГРУЕВСКИ

Поранешниот премиер Никола Груевски пред малку пристигна во Кривичниот суд. Според обвинението, како што се слуша од телефонските разговори тој нарачува шлаканици за градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Покрај Груевски во овој предмет обвининети се екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова, тогашна советничка во општината.

Минатото рочиште беше одложено бидејќи судијката Татјана Михајлова изјави дека предметот е во Апелацискиот суд, откако откако СЈО поднесе жалба на казните од по 2 илјади евра за обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи за непочитување на судот и судијката Михајлова.

Денеска Советот на јавни обвинители ќе го разгледува четвртиот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. На седницата е поканетa да присуствува обвинителката Катица Јанева.

You may also like...

Sorry - Comments are closed